еМагазин
Image default
Македонија

За 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирани 2 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирани двајца нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

„Вкупно 51 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациенти и еден нови заболен
е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 17 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 27 пациенти.

Вкупно 51 пациент потврден и сомнителн за Ковид-19 се лекува на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново рочиште за „Талир“: Илија Димовски побара одлагање поради „старост“ на поротниците, судијата го одби

Редакција

Од новозаболените со коронавирусот, 5 се здравствени работници од Клиниката за кожни болести

Редакција

Пендаровски не ги послуша ВМРО-ДПМНЕ, го потпиша Указот за Законот за јавно обвинителство

Редакција