еМагазин
Image default
Македонија

Боки 13 до Камчева: Дали ги памтиш гала-вечерите во вашата велелепна палата кога ми приготвувавте вечера

Ги памтиш ли гала-вечерите во вашата велелепна палата кога ми приготвувавте вечера, ја праша Бојан Јовановски – Боки 13, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева на денешното рочиште за случајот „Рекет“.

Судијката не го дозволи прашањето и го нарече рекла-казала прашање. На тоа Боки 13 и возврати дека целата постапка е рекла-казала, па затоа е такво прашањето.

Боки 13 на судењето ги спомна и Јана Марин и Наташа Савова, а за Камчев се изјаснуваше како „сакан и ценет сопруг“.

Ана Камчева на судењето, меѓудругото рече дека Боки 13 барал ургенција кај неа, да се повлечат текстовите од порталите кои се однесуваа на вработувањето на синот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во „1ТВ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработена во „Орка холдинг“ сведочеше во „Рекет“: Кај Камчев однесов 710.000 евра во спортски торби

Камчева: Бев исплашена од моќта на Јанева, но потоа сфатив дека специјалниот јавен обвинител е Јовановски

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада без ДУИ, уставните измени да бидат ефективни кога Македонија ќе стане членка на ЕУ: Мицкоски го повтори условот на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Тетовчанка на 59 години почина од корона вирусот

Редакција

Отсуството на обвинителката од СЈО, Стефановска го одложи рочиштето за „Траекторија“

Редакција