еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вработена во „Орка холдинг“ сведочеше во „Рекет“: Кај Камчев однесов 710.000 евра во спортски торби

Суми од 12, 5, 18 и 24 милиони денари биле повлекувани на неколки пати во декември 2018 и февруари 2019 година од приватните сметки на Камчеви, сведочеше вработена кај Орце Камчев на денешното рочиште за „Рекет”.

Сведокот Мирјана Бошковска, девизен референт во „Орка холдинг”, рече дека во декември 2018 година и во февруари годинава има вадено на неколку пати поголеми суми од приватни сметки на семејството Камчеви.

„Во декември имаше 12 милиони денари, пет милиони и нешто повеќе од пет милиони денари. Ги менував во менувачница во евра. Во февруари извадив 18 милиони и 24 милиони денари од сметките на сестрата и мајката на Камчев. Со обезбедување отидов во менувачница и ги заменив во евра. Потоа ги однесов во домот на Камчеви и таму заедно со Камчев ги средив парите и направив спецификација, по што си заминав“, рече сведокот Бошковска.

На прашање од Боки 13, во што ги донела парите во домот на Орце Камчев, сведокот рече во две спортски торби.

„Точно 710 илјади евра во две спортски торби“, изјави Бошковска.

На прашање од одбраната на Катица Јанева, сведокот рече дека во декември не направила спецификација на повлечените средства.

„Само во февруари направивме спецификација заедно со Орце Камчев“, рече сведокот Бошковска.

Следното рочиште од судењето за „Рекет“ е закажано за 25 декември, кога треба да бидат сослушани четворица сведоци.

Случајот го води судијката Васка Николовска Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 до Камчева: Дали ги памтиш гала-вечерите во вашата велелепна палата кога ми приготвувавте вечера

Камчева: Бев исплашена од моќта на Јанева, но потоа сфатив дека специјалниот јавен обвинител е Јовановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 4 нови пациенти

Редакција

Мијалков го бараат за да му дадат решение за куќен притвор, ама не можат да го најдат

Редакција

Без одложување треба да се одреди датум за одржување на првата Меѓувладина конференција, порача Џафери од Брисел

Редакција