еМагазин
Image default
Техно

Boksy, е-библиотека достапна за сите А1 пост пејд корисници

А1 Македонија оди чекор понатаму во збогатувањето на продуктното портфилио и ја става на располагање Boksy – првата апликација во Македонија за читање и слушање книги, наменета за сите возрасти со попуст за сите пост пејд корисници, информираат од таму.

Со Boksy, А1 корисниците добиваат пристап до илјадници книги за возрасни и за деца, 2 профили (за возрасен и за дете), нови наслови секој месец, месечни награди за најдобрите читатели и неограничено читање во секое време.

Boksy содржи книги на македонски, англиски и на албански јазик од македонски и странски издавачки куќи и овозможува корисниците да читаат или да слушаат аудиокниги на своите уреди. Покрај книги, апликацијата исто така содржи и многубројни едукативни квизови, дневни и неделни предизвици, креирање сопствени аватари, како и можност за натпреварување и освојување уникатни награди за оние што најмногу читаат.

Boksy е достапен за активација за сите A1 Постпејд корисници на мобилни и фиксни услуги по цена од 349 денари месечно, а може да се активира преку мобилната апликација Мојот А1, со повик во Контакт центарот на 077 1234 или во сите А1 продажни места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“A1 Academy” го започнува пријавувањето за новиот модул Бизнис аналитика, бесплатна академија за дигитални вештини

Редакција

Безбедноста на податоците не е шега!

Редакција

Дополнителни опции за корисниците на новата Magenta 1

Редакција