еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Борел вели дека за Македонија нема пречки за приклучување во ЕУ, билатералните прашања немало да го одредат процесот на приклучувањето

За Бугарското национално радио, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, вели дека нема пречки за приклучување на Македонија кон Европската Унија.

– Северна Македонија забележува добар напредок и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиното приклучување кон ЕУ. При тоа приклучување стриктно ќе бидат почитувани европските принципи и стандарди.

За тоа е неопходна добра соработка, а регионалната соработка останува суштински елемент, исто како и стабилизацијата за да може да се спроведе пристапниот процес.

Но, билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и нема да го одредат процесот на приклучувањето, вели тој за БНР, одговарајќи на прашањето какви ќе бидат следните чекори на Унијата ако до ноември Македонија не ги вклучи Бугарите во Уставот.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето

Редакција

Пендаровски: Бугарскиот претседател Радев се меша во внатрешните работи на Македонија

Редакција

Министерство за земјоделство склучи договор со „АК-инвест„ вреден 1,6 милион евра

Редакција