Британскиот премиер Борис Џонсон по два дена на интезивна нега, каде добивал кислород поради компликации од инфекцијата со корона вирусот е во стабилна состојба, објави Ројтерс.
Џонсон, кој пред две недели беше тестиран и имаше позитивен резултат на заразата, во неделата беше примен во болницата „Ст.Томас“ поради висока температура и кашлица.
Британскиот премиер (55) иако добивал кислородна поддршка не бил поставен на респиратор.
„Тој е стабилен и во добар дух“, изјави Едвард Аргар, помлад министер за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британскиот премиер Борис Џонсон префрлен на интензивна нега
(Видео) Британскиот премиер Борис Џонсон заразен од корона вирусот
Фото: Фејсбук/Џонсон
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.