еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кина ја „искара„ СЗО по забелешки за тоа како се справува со пандемијата со Ковид-19

Кинеското Министерство за надворешни работи го повика генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, да избегнува „неодговорни“ забелешки.

Портпаролот на Министерството Џао Лиџијан реагираше поради изјавата на Тедрос, кој рече дека кинеската политика на нулта толеранција кон Ковид-19, не е одржлива.

Портпаролот на редовната конфереција за новинари ги бранеше кинеските мерки во борбата против пандемијата од коронавирусот.

Тој додаде оти Кина се надева дека генералниот директор на СЗО може објективно да ја набљудува кинеската политика во борба против вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеската политика за Ковид-19 со нулта стапка е неодржлива, велат од СЗО

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

MTEL во Германија – врвни ТВ содржини и разговори по поволни цени на едно место

Редакција

Најстудено во Маврово и Крушево, до крајот на денот снежна покривка насекаде

Редакција

Македонски инвеститори вложиле 470 милиони евра во акции од странски компании, најмногу во САД и Германија

Редакција