еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Брачен пар и татко со две деца од Македонија заглавени во Газа

Брачен пар и татко со две деца бараат евакуација од Појасот Газа, изјави идниот македонски амбасадор во Тел Авив, Израел, Шпенд Садики, кој денеска реферираше пред пратениците на Комисијата за надворешни работи во Собранието.

Тој информираше дека дел од Kризниот штаб сега е фокусиран на Газа во обид да се извлечат тие петмина, но не можат влијаат на одлуката кога ќе се отвори границата.

Садики меѓу другото рече дека се издадени патни листови за децата кои немале пасош, а мајката на децата е палестински државјанин и за неа е издадена виза.

„Ќе зависи од египетските власти дали ќе дозволат таа да излезе од земјата. Амбасадата во Тел Авив не е акредитирана за палестинските територии. Неколку држави имаат формални релации со нив, но ние немаме и тоа е политичка одлука.

Конзуларна заштита за Западниот Брег нудиме од Амбасадата во Тел Авив, а за Газа преку Амбасадата во Египет,“ рече Садики и додаде дека дијаспората во Израел е мала, околу 300 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тупанчевски во Белград, Жерновски во Букурешт, кои се другите новоназначени амбасадори

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стојанче Ангелов: Да не се вознемируваат децата и сопругата на Груевски

Редакција

Топ 10 најголеми должници на Листата на должници на УЈП

Редакција

Пендаровски: Бараме цврсти гаранции од ЕУ дека Бугарите во Уставот ќе биде последно барање од Софија

Редакција