еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тупанчевски во Белград, Жерновски во Букурешт, кои се другите новоназначени амбасадори

Македонија ќе испрати седум нови амбасадори, кои наредната недела, пред собраниската Комисија за надворешна политика ќе ги реферираат своите проекти и планови за идните дипломатските активности со што ќе се финализира постапката пред нивното заминување во амбасадите.

Нов амбасадор на Македонија во Бразил ќе биде Игор Попов, дипломат од кариера, професорот Никола Тупачевски, поранешен министер за правда ќе биде амбасадор во Белград, Србија, а драматургот и писател Сашко Насев во Кина.

Илбер Села, директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, ќе замине во Берлин, Германија, а поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски ќе биде амбасадор во Букурешт, Романија.

Во Израел и Полска амбасадори ќе бидат Шпенд Садики и Јасмин Ќахил, и двајцата вработени во Министерството за надворешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Kибернападите годинава ќе ја чинат глобалната економија 9,5 трилиони американски долари

Редакција

Со „викенд без ДДВ“ ќе се поттикнува продажба на облека, бела техника, мебел…

Редакција

Починаа петмина нови пациенти од корона вирусот, најмладиот има 49 години

Редакција