еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

И Израел како Русија ќе затвора канцеларии на странски медиуми

Израел, како и Русија, која откако го почна нападот на Украина, ќе затвора канцеларии на странски медиуми.

Израелската Влада усвои регулативи со кои ќе се овозможи привремено затворање на канцелариите на странските медиуми за време на вонредни и воени состојби, доколку се верува дека тие ѝ штетат на националната безбедност.

Прва на удар ќе биде катарската Алџезира, која според Израел ѝ наштетила на националната безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Канал 4 и Алџезира го разнишаа тврдењето на Израел дека не стои зад нападот на болницата во Газа

Прописите, исто така, се однесуваат на настани што веќе се случиле, што значи дека емитувањата на катарската телевизија од почетокот на војната може да се користат за да се донесе одлука за затворање на локалниот огранок на телевизијата.

Врз основа на новите прописи, министерот за комуникации, во договор со министерот за одбрана, ќе може да нареди прекинување на емитувањето на одредени медиуми, затворање на нивните канцеларии, одземање опрема и затворање или ограничување на пристапот до веб-страницата.

Одлуката ќе важи 30 дена, но може да биде продолжена за уште толку денови.

Прописите ќе важат три месеци или додека Владата официјално не прогласи крај на вонредната состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како момче се збогуваше од своето братче, убиено во нападите на Газа: Видео кое го обиколи светот

(Видео) Брачен пар и нивната неродена ќерка се меѓу загинатите во нападот на православната црква во Газа

(Вознемирувачки видеа) Израел уби над 1.756 деца во Газа за две недели

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Epidemic – eден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Редакција

МНР препорачува да не се патува во кинескиот град Вухан поради коронавирус

Редакција

Скопјани навалија на ќебапчиња: „Дестан“ не може да постигне од нарачки

Редакција