еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР препорачува да не се патува во кинескиот град Вухан поради коронавирус

Министерството за надворешни работи им препорача на македонските граѓани да не патуваат во кинескиот град Вухан и поширокиот регион поради забрзаното ширење на новиот коронавирус, од која досега починале 26 луѓе.

„Заради брзото ширење на вирусот, Министерството препорачува воздржување од патувања во градот Вухан и во поширокиот регион, имајќи ги предвид и превентивните мерки што ги преземаат кинеските власти, како ограничување на движењето и затворање на железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт“, се вели во соопштението на МНР.

Граѓаните за подетални информации околку развојот на состојбите може да се обратат во Амбасадата на Македонија во Пекиинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или на емаил [email protected].

До сега, од коронавирусот заразени се неколку стотици луѓе, а починати се десетици.

Светската здравствена организација (СЗО) упати апел сите држави да ги преземат неопходните мерки против коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пекинг ги откажа прославите за кинеската Нова година поради коронавирусот

СЗО засега нема да прогласи вонредна состојба на глобално ниво поради новиот коронавирус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Водостопанство“ вработува 140 лица, плата до 25.500 денари

Редакција

Отец Оливер Петровски е прогласен за „Маж на годината според социјалните медиуми“

Редакција

(Фото) Без маски се славеше роденденот на Ахмети во новиот објект на министерството со кое раководи Груби

Редакција