еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Без маски се славеше роденденот на Ахмети во новиот објект на министерството со кое раководи Груби

Лавина од негативни реакции на социјалните мрежи откако се појавија слики од прославата на роденденот на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети во новата зграда на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи неговиот соопартиец, Артан Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер во „црвено“ за прославата на роденденот на Ахмети во објектот на Министерството за политички систем

(Галерија) Како изгледа новиот објект во кој се смести министерството со кое раководи Груби

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на социјалните мрежи прво објави фотографија на која преставниците на ДУИ во власта, од претседателот на Собранието, Талат Џафери, до министерот за финансии Фатмир Бесими, седнат во просторија од новиот објект во кој се всели министерството, без маски и дистанца, (која подоцна ја тргна), а потоа се појави и фотографија како Ахмети сече торта во истата просторија.

Ахмети е роден на 4, јануари 1959 година во селото Зајас.

Владата донесе одлука за купување на објектот за министерството на 30 декември лани, а објектот е во вредност од 14 милиони евра и е дел од мега проектот „Скопје 2014„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворен новиот објект на Министерство за политички систем

Фото: Фејсбук/Османи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

Kомплетно политичко скршнување од тезите, вели Мицкоски за можното коалицирање на Алијанса со власта

Редакција

Вучиќ поднесе оставка, Милош Вучевиќ нов претседател на владејачката Српската напредна партија

Редакција