еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Вучиќ поднесе оставка, Милош Вучевиќ нов претседател на владејачката Српската напредна партија

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ е избран за претседател на Српската напредна партија (СНС) по оставката на претходниот лидер – претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

По седницата на собранието на СНС во Крагуевац, Вучевиќ најави дека партијата ќе учествува во формирањето на Народното движење за државата.

– СНС го поддржа предлогот на поранешниот претседател на партијата и претседателот на државата (Александар Вучиќ) да учествуваме во формирањето на Народното движење и мислам дека, по тоа прашање, многу поконкретно ќе можете да видите на крајот на јуни, рече Вучевиќ.

Според него, тој очекува на 24 јуни да се избере ново партиско раководство.

– Тогаш, верувам, до крајот на јуни ќе се приклучиме на големото, патриотско народно движење. Движење кое го сфаќаме како повик и зајакнување на тој политички фронт за одбрана на нашата татковина во многу тешки времиња, изјави Вучевиќ.

Тој му се заблагодари на Вучиќ за поддршката за неговата кандидатура за претседател на СНС, наведувајќи дека „отвораат ново поглавје во својата книга“.

– Нашата политика нема да се промени. Остануваме партија која е мотор на развојот на нашата татковина, но и партија која ги чува и негува традиционалните вредности на српскиот народ, на сите граѓани на Србија, рече Вучевиќ.

Тој посочи дека СНС ќе биде најсигурен партнер на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Голем митинг за подршка на Вучиќ во Белград

Вучиќ најави дека ќе се повлече од лидерската позиција во владејачката СНС

МИА/Фото: Фејсбук/Вучевиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од воведувањето на новите протоколи, имавме само две дојави за бомби, вели Спасовски

Редакција

Пратениците од власта и опозицијата сложни кога треба да се делат буџетски пари на партиите

Редакција

Церемонија во Вила Водно: Листа на гости кои ќе присуствуваат на инаугурацијата на Пендаровски

Редакција