еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од воведувањето на новите протоколи, имавме само две дојави за бомби, вели Спасовски

Од кога се воведени новите протоколи за функционирање во услови на дојава за експлозивни направи, следниот ден имавме една дојава за бомба, а наредниот ден уште една. Понатаму веќе немаше дојави за бомби, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање.

Инаку, новиот протокол, кој предвидува преземање на посебни мерки при дојава за бомба, беше воведен во текот на овој месец, за што Спасовски потенцираше дека истиот ќе биде дел од решението на процесот.

-Состојбата е целосно под контрола. Полицијата е тука, ќе биде во секое од училиштата, во сите институции. Будно работиме, во целиот изминат период, затоа што за нас сигурноста, безбедноста и спокојот на граѓаните се на прво место, порача неодамна министерот Спасовски.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како по обичај, Собранието се „разбуди“ во 5 до 12

Редакција

Не закажувам јас седници, ниту можам да му наредам на Собранието како ќе го спроведува Етичкиот кодекс, вели Ковачевски

Редакција

За упасените дипломати ќе постапиме согласно меѓународните договори, вели Заев

Редакција