еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Брако“ втора година по ред компанија-партнер во спроведувањето на Дуалното стручно образование

„Брако“ е сертифицирана компанија што веќе втора учебна година по ред спроведува дуално стручно образование според стандардите на Асоцијацијата на германските комори за индустрија и трговија (DIHK), информираат од компанијата.

Компанијата ги пренесува практичните знаења и вештини во создавањето на идни квалификувани кадри од областа на современото машинство.

На овој начин, по завршувањето на средното образование, се отвора можност овие кадри да бидат вработени и директно вклучени во производствени технолошки процеси од чија што област стекнале не само теоретски туку и практични вештини.

Како општествено одговорна компанија „Брако“ цени дека тоа би била „вин – вин“ ситуација од која сите би имале краткорочна и долгорочна полза, велат од таму.

Имено, на работните места би доаѓале млади луѓе кои се веќе со стекнати практични вештини и на тој начин младите би биле мотивирани да ја градат својата кариера и понатамошниот живот тука и би се намалил опасниот тренд на иселување на младите.

За време на практичната настава, учениците не само што одблизу ги запознаваат работните процеси и задачи, тие посетуваат и курсеви за безбедност при работа, се запознаваат со процедурите и начинот на работа во компанијата. Содржините се предвидени со наставни програми, а за тоа се задолжени и сертифицирани ментори.

Теоретскиот дел се реализира во Средното стручно училиште „Коле Неделковски“ од Велес: „Теорија во училиште, пракса во фабрика“.

За исклучителниот придонес во развојот на воспитно – образовната дејност,  училиштето додели и Благодарница на „Брако“ со очекување дека оваа стручна наобразба со комбинирање на теоријата и праксата, ќе продолжи и понатаму.

Конкретните чекори за старт на овој проект ги презема Делегацијата на германското стопанство, развивајќи две квалификации:

„Техничар за индустриска мехатроника“ и „Техничар за производно машинство“. Квалификацијата од машинската струка, „Техничар за производно машинство“ е воведена во учебната 2019/2020 година, интегрирајќи знаења од областа современото машинство и информатика.

Билатералниот AHK-DIHK сертификат, потврдува дека лицето кое се обучува се стекнува со клучните стручни компетенции од соодветниот германски образовен профил.

На 1-ви  септември минатата  година, е започната четвртата генерација на ученици во нашата држава во рамките на дуалното – стручно образование.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Хероите од цртаните филмови денеска во акција на Клиниката за детски болести

Редакција

Македонска премиера на „Ругање со Христос“ на „Киненова“: Поканет и министерот за култура

Редакција

Пивара Скопје во партнерство со Grouper.mk започнува иницијатива за поддршка на угостителските објекти

Редакција