еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Браво: Наставничката од битолско Трново руинираната училница ја претвори во бајка

Училницата во старото руинирано училиште во битолското село Трново, одделенската наставничка Ленче Илиевска, ја претворила во шарена бајка, пишува битолскиот портал apla.mk.

Со години небојадисаните, испукани ѕидови, се покриени со постери и апликации кои се во функција на воспитно-образовниот процес, а старите прозорци се украсени со завеси во разни бои, така што училницата е пријатно катче за шестте ученици од Трново и Магарево кои овде следат настава од прво до петто одделение.

Подрачното училиште во Трново е дел од битолското основно училиште „Трифун Пановски“, а креативната наставничка Ленче оваа бајка ја создала со сопствени средства, но и со поддршка од родителите.

Целата сторија на apla.mk, ОВДЕ.

Фото: Горан Петровски-Фото студио ПИНК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Спасени три младенчиња волци

Редакција

(Галерија) Филхармонија со концертот „Ну погоди“ ги врати возрасните во детството

Редакција

(Фото) Нова титула за Македонија на изборот за Мис на Евроазија во Москва

Редакција