Пица Драма информираше дека почнувааат иницијатива со која сакаат во овие кризни и тешки времиња да обезбедат ручек за загрозени семејства.
„Секој четврток Пица Драма ќе доставува 4 пици за ручек на 4 семејства, сè со цел што помалку наши сограѓани да останат без основната човекова потреба, а тоа е храната.
Воедно ги повикуваме и другите ресторани, пицерии, сендвичари да се приклучат на оваа иницијатива со цел да успееме барем малку да помогнеме во овие тешки времиња. Ве молиме пратете ни информации за семејства на кои им е потребна ваква помош,“ обајвија тие на нивниот фејсбук-профил.
Тимот на Мама Италијана ја поддржува и ја поздрави оваа иницијатива на Пица Драма.
„Со цел да изнудиме насмевки и да ги охрабриме, Ве известуваме дека почнувајќи од утре, па така секоја наредна недела, Мама Италијана ќе доставува пици за ручек на семејства кои се најпогодени во овие тешки времиња.
Ве молиме пратете ни информации за семејства на кои им е потребна ваква помош! Воедно ги повикуваме и другите ресторани, пицерии, сендвичари да се приклучат на оваа иницијатива со цел да успееме барем малку да помогнеме, и сите заедно да го поминеме овој тежок период,“ објавија од Мама Италијана на нивниот фејсбук-профил.