еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Британската аукциска куќа „Кристис“ ја продаде војничката јакна на Зеленски за 90.000 фунти, парите ќе бидат наменети за помош на Украина

Британската аукциска куќа „Кристис“ ја продаде познатата зелена јакна на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Лондон за 90.000 фунти, пишуваат медиумите во светот.

Најголем удел во поттикнување на наддавањето на цената имаше британскиот премиер Борис Џонсон, кој почетната цена ја нарече смешна.

Зеленски, ја донираше јакната на аукција во февруари, по почетокот на руската инвазија. Тој, се обрати во видео пред почетокот на натпреварот во рамките на хуманитарниот собир „Храбра Украина“.

Аукциската куќа „Кристис“ учествува во меѓународна програма чија цел е да се подигне помошта за Украина до еден милион фунти.

Фото: Фејсбук/Зеленски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според првичните резултати неважечки 31.107 гласачки ливчиња на изборите

Редакција

Путин: Операцијата во Украина е успешна

Редакција

Нови 323 случаи на Ковид-19 од 2.928 тестирања, бројот на активни e 12.754

Редакција