еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Брканица“ помеѓу полицијата и превезувач на мигранти од Индија: Возачот удрил во возило на МВР, а потоа избегал

На 09.10.2021 околу 23.20 часот кај Градско во правец кон Гевгелија полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, кое не застанало, туку ја зголемило брзината.

„Кај „Прждевски надвозник“ удрило во службеното возило на МВР и запрело, а возачот избегал. Во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Индија, кои се префрлени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија.

Извршен е увид од увидна екипа од Полициска станица Неготино и Јавен обвинител, по чии насоки возилото е обезбедено, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ се вели во билтенот на МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БДП во првиот квартал пораснал за 2,1%

Редакција

Што треба да имате „при рака“ во случај на нуклеарна војна

Редакција

Русија засега не сака да склучи примирје, бидејќи сака да ја изолира Украина од морето, вели Борел

Редакција