еМагазин
Македонија

Брзи тестови за Ковид-19 од утре во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Кичево

Во пет здравствени институции во државата, од утре ќе се врши тетсирање за корона вирусот со брзи антигенски тестови, информира Министерство за здравство.

„Тестирања ќе се вршат во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица, и општата болница во Кичево.

Лаборанти од овие установи мината недела беа на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките на лаборанти од други градови низ држават, за во најкраток можен рок, брзите тестови да бидат на располагање на матичните лекари на територија на цела држава.

Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот односно има симптоми на вирусот Ковид 19, не повеќе од 5 дена.

Алгоритмот за брзо теситарање е од Свестката здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тетс или антигенски – брз тест,“ се вели во соопштението.

Изминатива недела во ЗД Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Чето, Ѓорче Петров,Бит Пазар, Млин Балкан и Јане Сандански, биле направени 1.138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советот на Институтот за национална историја укажува на штетноста на билатералните протоколи со Бугарија

Редакција

(Видео) Антикорупциска на предметот за коридорите ќе му даде особено значење

Редакција

Милчин: За македонскиот јазик, за неговото признавање, преименување или негирање не може да одлучува која и да е политичка партија

Редакција