еМагазин
Image default
Бизнис

Вакцините за Ковид-19 македонските граѓани ќе ги чинат 6,7 милиони евра

Обезбедени се пари во буџетот за набавка на вакцини и лекови против Ковид-19, соопштија во дебата на МТВ премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими.

За вакцини против Ковид-19 се планирани 390 милиони денари односно 6,7 милиони евра, а за лекот Ремдесивир 67,5 милиони денари.

– Од кредитот со Светска банка 90 милиони предвидено е и за вакцина, а на годишните средби исто така кажаа дека дополнително ќе и дадат на државата само за вакцина. Значи, има обезбедени средства и доколку се покаже потреба за повеќе, засега има доволно средства предвидено за вакцини, рече Бесими.

Премиерот Зоран Заев кажа дека нашата проекција е 800 илјади вакцини, посочувајќи и на цени од некои производители – 10,47 евра за вакцина односно за двете дози 21 евра.

Северна Македонија е во КОВАКС-системот преку кој се резервирани вакцините. Заев соопшти дека авансот ќе го платиме веројатно на почетокот на декември, а во 2021 ќе бидат и 390-те милиони денари или 6,7 милиони евра.

-Ако има потреба за повеќе, ќе обезбедиме дополнително плус пари, рече Заев. Кажа и дека владата на Грција нарачала вакцини и за Северна Македонија и за Албанија и дека на разговор со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен во петокот било соопштено дека ЕК донела одлука покрај за земјите членки на Унијата, вакцината да биде набавена и за шесте земји од Западен Балкан.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски транспортери заглавени на границите на Украина со Полска и Романија

Редакција

24 нови вработувања во Општина Центар

Редакција

Компанијата „Сити плаза“ официјално го презеде “Рамстор Македонија”, ќе инвестира над 105 милиони евра

Редакција