еМагазин
Image default
Македонија

Бугарија немаше преставник на „Преспа форум за дијалог“, Заев вели дека тоа не е добра порака

Во интервју за ТВ21, премиерот Зоран Зоран прашан како го толкува неучеството на „Преспа форум за дијалог“ на претставници на Бугарија, рече дека немаат одговор и оти тоа не е добра порака.

И покрај горчината поради недавањето зелено светло за преговорите за членство во ЕУ од страна на соседната држава, како што порача, и двете страни имаат обврска да го градат и негуваат пријателството.

– Покани испративме уште кога почна организацијата за Самитот. Тогаш се уште премиер беше Бојко Борисов, па дојде нов премиер, времениот или техничкиот премиер господинот Стефан Јанев.

Уште еднаш испративме и до претседателот како што е редот – до сите. Имавме најави дека ќе има претставници овде, но за жал не дојдоа. Ќе ги видиме причините, ние немаме одговор. Сигурно после тоа ќе видиме кои се причините, но не е добра порака.

Во најмала рака можеби е кабаетлук, не знам, се надевам дека е, затоа што ние сме пријатели. Иако има горчина, иако има пораки коишто не разделуваат со ова недавање зелено светло од страна на првиот наш источен сосед Република Бугарија, верувам дека пријателството понатаму мора да се гради помеѓу двете страни и двете страни имаат обврска тоа пријателстсво да го негуваат.

Така што верувам дека не е лоша намерата, односно ќе имаат достоинствено објаснување зошто немаше претставник од Бугарија, рече Заев.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британскиот сој на Ковид-19 бил присутен во Македонија уште во декември

Редакција

Заев за грчкиот слоган „Macedonia the GReat“: Меѓународна комисија ќе го реши брендирањето на производите

Редакција

Апел до матичните лекари за да се откријат што поголем број на дарители на крвна плазма, за лекување на пациентите со корона вирусот

Редакција