еМагазин
Image default
Македонија

Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ќучук: Со блокадата на Скопје и Тирана, губат и Брисел и Софија

Со блокадата на Северна Македонија и Албанија, освен Скопје и Тирана, губат и ЕУ и Бугарија, како и другите земји во регинот, смета бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

– Бугарија е една од државите што ја ставија евроинтеграцијата на земјите во регионот на многу високо место во својата агенда. Во исто време, јасно е дека со политичка блокада, нема да има победници, и сите ќе изгубиме.

ЕУ ќе изгуби затоа што ќе биде поткопан нејзиниот кредибилитет, ќе се покаже како неспособна за решавање на големи геополитички прашања и да биде глобален играч.

Ќе изгубат Република Северна Македонија и Албанија затоа што вложија големи напори на патот кон членство во ЕУ.

На крај, но не и најмалку важно, ќе изгубат и нивните соседи, бидејќи процесот на интеграција бара градење на добрососедски односи, кои се поврзани со расчистување на историските спорови, истакна Ќучук.

Тој смета дека бугарската позиција кон Скопје е неразбирлива за другите земји од ЕУ, а Владата во Софија не направила ништо да ја образложи и објасни.

Илхан Ќучук заедно со уште дваесеттина европралементарци потпишаа декларацијата со која бараат од Советот на ЕУ да се доблокира евроинтеграцијата на С.Македонија и на Албанија.

– Ова е позиција на 24 колеги кои имаат формална улога во процесот на интеграција на Западен Балкан. Таа има за цел да им пружи рака на двете земји, но исто така и на државите кои имаат скептичен поглед на политиката на проширување на ЕУ.

Несомнено, актуелните противречности во ЕУ се големи, а ние мора да ги почитуваме очекувањата на европските граѓани, но и ветувањата кон земјите од Западен Балкан за нивниот пат кон членството во ЕУ, истакнува бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да не се заборави дека Бугарија не ни дозволи да почнеме преговори со ЕУ во време на пандемија со Ковид-19

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избеганиот Груевски доби адвокат од државата и за „Траекторија“, СЈО побара уште еден притвор за него

Редакција

Ахмети: Нема проблеми во функционирањето на владеачката коалиција, со Заев ќе се сретнам утре

Редакција

Убава вест: Оздравени 572 пациенти заболени од Ковид-19, најмногу од Скопје 162

Редакција