еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Од Ковид-19 почина Бурхан Скикули – педагог, поет, културен работник во Дебар

Како последица на коронавирусот на 74- годишна возраст почина Бурхан Скикули, познат педагог, поет, културен работник и претседател на здружението на трудовите инвалиди во Дебар.

Опасниот вирус му бил дијагностициран пред десеттина денови, а почина синоќа во здравствена установа во Скопје, каде кусо бил хоспитализиран.

Скикули целиот работен век го помина како професор во дебарската гимназија, најпрво како професор по руски јазик во параелките на македонски, а потоа по македонск јазик и литература во паралелките со албански наставен јазик.

Автор е на повеќе книги поезија, рецензираше десеттици книги на роднокајни поети, режираше театарски претстави, во кои и самиот учествуваше како актер. Беше активен и во општественот живот и беше прв човек на здружението на трудови инвалиди.

„Почивај во мир, Бурхан Скикули. Актер, режисер, поет…со еден збор УМЕТНИК. Благодариме за вашиот придонес за развој на културата во Дебар, во полето на драмската и литературната дејност и достојна презентација на дебарската култура воопшто,“ напиша директорот на Центарот за култура во Дебар.

На социјалните мрежи се простуваат голем број ученици кои го паметат како добар педагог и човек кој секогаш беше подготвен да ги сослуша и на им помогне.

И градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, од својот професор се прости со емотивна порака. Ќе биде погребан денеска во 14:00 часот на градските гробишта во Дебар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УХМР со предупредување: Претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците

Редакција

Родители на 14.555 деца покажале интерес тие да посетуваат градинка

Редакција

(ФОТО) Како да се заштитите од земјотрес: Кои места во домот се безбедни?

Редакција