Од фирмата Сервис Емус АД Скопје, сопственик на галијата во Вардар кај „Холидеј Ин“, која денеска почна да се демолира, најавуваат тужба за Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Денес ни дојдоа извршители испратени од градоначалникот Петре Шилегов со цел да го рушат бродот, кој е изграден со пари од приватен инвеститор, државјанин на Р. Бугарија (без двојно државјанство).
Вкупните инвестиции на бугарскиот инвеститор во Македонија се над 40 милиони евра. Инвестицијата во овој брод е над 1.2 милиони евра.
Со овој допис сакаме да ја информираме јавноста за следните факти:
1. Град Скопје нема никакво побарување спрема нас!
2. Ова е приватна инвестиција, Град Скопје нема инвестирано ниту еден денар!
3. На градот плаќаме по 1.000 евра месечно за концесија. Сé е платено, не должиме ништо!
4. Не е укината дозволата за поставување на урбана опрема, што значи правниот акт врз основа на кој е поставен бродот, се уште е во сила.
5. Во тек се два судски предмети, од коишто за едниот утринава беше одржано рочиште и не може да се руши на сила додека нема судска одлука.
Судот трпи огромен притисок да не донесе времена мерка како би се спречило настанување на штета. Затоа една судијка веќе се откажа, а други две веќе неколку месеци не носат решение, се со цел да му се дозволи на градоначалникот да изврши рушење т.е. да направи штета, а потоа да се води судски спор.
6. Ова е странска инвестиција од бугарски инвеститор.
Информирана е Бугарската амбасада и Европската Унија.
Бараме да ни се гарантира правото на фер судење без мешање и притисок од градоначалникот Петре Шилегов, кој е бивш адвокат и на повеќе наврати јавно го критикуваше судството и судиите.
7. Бараме од Град Скопје да не ја нарушува довербата на странските инвеститори, туку да не остави да работиме.
Ние не сме виновни ниту за пандемијата, ниту за политиките на бившата власт, ниту треба да трпиме штета поради ветувањето на градоначалникот дека ќе ги руши галиите.
Повторуваме, галиите се приватна инвестиција и Град Скопје нема платено ниту еден денар за истите.
8. Во текот на целата пандемија имаме пратено неколку писмени барања до Град Скопје на кои ниту еднаш не добивме одговор.
Се повикавме на член 9 од договорот каде што изрично е пишано дека Град Скопје ќе овозможи непречено функционирање на објектот. Не добивме никаков одговор.
Плативме се’ 100% и по една недела добивме информација дека еднострано е раскинат договорот.
Ова лудило да се прави вака голема штета без судска одлука мора да престане“, стои во реакцијата на Сервис Емус.
Фото: Град Скопје