еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарскиот универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ отвара катедри во Свети Николе, наставата ќе биде на англиски

Бугарската Влада денеска му одобри на Универзитетот „Св. Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново да отвори катедри во Свети Николе.

Според најавите од Софија, на катедрите ќе се подготвуваат студенти за магистратура од областите на Филологијата, Науки за земјата и Информатиката и компјутерски науки.

– Овие области се избрани во согласност со потребите на регионот од висококвалификувани специјалисти за одредени професии, соопшти бугарската Влада.

Наставата ќе се изведува на англиски јазик, а дипломата ќе гласи дека е издадена од Универзитетот во Велико Трново. Отворањето на катедрите е на иницијатива на ректорот на великотрновскиот Универзитет.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири активни пожари во Македонија, три ставени под контрола

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на ЈП „Комуналец“ – Кичево за набавка на горива вреден 143.000 евра

Редакција

Повеќе мажи, над 60 години и со претходни заболувања: Профил на починатите од корона вирусот во Македонија

Редакција