еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во бугарското Собрание има „ново мнозинство“, пратениците го разрешија претседателот од партијата на Петков

Никола Минчев веќе не е претседател на бугарскиот Парламент откако денеска пратениците гласаа за негово разрешување со 125 гласа „за“. Против беа 113 пратеници. Еден пратеник беше воздржан.

Барањето за негово разрешувње беше поднесено вчера со потписи на 120 пратеници од „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Преродба“.

Меѓу причините се прекршување на Уставот и деловникот на Собранието, како и попречување на нормалната законодавна активност и спроведување на ефективна собраниска контрола.

-Во пленарната сала има ново мнозинство, порача Минчев од собраниската говорница на дебатите за неговото отповикување.

Никола Минчев од парламентарната група на партијата „Продолжуваме со промената“ беше избран за претседател на 47. Народно собрание на 3 декември минатата година.

Неговата кандидатура ја предложи актуелниот премиер Кирил Петков.

-Му се заблагодарувам на Никола Минчев за добро завршената работа. Тој успеа да го води овој парламент на најдијалошки, најпрофесионален начин што можеше. Тој навистина стана жртва не на својата работа, не на неговите постапки, туку на коалиција која сега се формира меѓу ГЕРБ, Преродба СДС и останатите луѓе во „Има таков народ“, порача Петков од собраниската говорница, неколку минути откако беше разрешен Минчев.

МИА/Фото: Усплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Значителен пад на температурата до вечер со дожд, снег и силен ветер

Редакција

Трагедија: Две деца загинаа по превртување на трактор кај Струмица

Редакција

Фиока или епилог: Кривичната пријава за Блерим Беџети тест за судството и за Владата

Редакција