еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарското МНР се огради од изјавите на Џамбаски во Скопје

Јавните изјави со кои се навредува или провоцира Македонија се апсолутно неприфатливи и контрапродуктивни и тие не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и не можат да се толкуваат како такви, соопшти бугарското Министерството за надворешни работи.

Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на бугарското МНР, Министерството ја потврдува својата категорична позиција оти политичарите и јавните личности од Бугарија и Македонија имаат одговорна улога во градењето доверба и развивање на добрососедски односи меѓу двете земји, како и во намалувањето на тензиите во јавноста.

– Имајќи ја предвид заедничката историја што ги поврзува двете земји, одбележувањето на заедничките историски настани и личности, како што е годишнината од смртта на Мара Бунева, треба да доведат до зајакнување на довербата и добрососедството, се вели во соопштението на бугарското МНР.

Според Министерството, во исто време, не помалку опасни за билатералните односи се и апелите на „маргиналните партии во Северна Македонија против бугарските политичари и јавни личности кои се залагаат за заштита на правата на Бугарите во Северна Македонија и проектите за зближување на луѓето меѓу двете земји“.

– Ваквиот пристап има очигледна цел да создаде дополнителна тензија во билатералните односи во интерес на кругови кои не се заинтересирани за европската интеграција на Република Северна Македонија. Добрососедските односи со нашите пријатели во Скопје ќе се градат со дијалог, а не со забрани, се додава во соопштението на бугарското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Бугари во Скопје на панихида на Мара Бунева, Џамбаски порача дека Македонија била бугарска

И Костадинов дојде за панихидата за Мара Бунева во Скопје и “испрати“ честитка од вториот бугарски главен град

Фото: Бугарско МНР/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ апелираат да продолжи почитувањето на мерките за заштита од Ковид-19

Редакција

Асоцијација на спортски обложувалници предупредува дека 7.700 луѓе преку ноќ остануваат без работа со новиот Закон за игрите на среќа

Редакција

Груевски присвоил над 1 милион евра од донациите за ВМРО-ДПМНЕ и си купил плац на Водно, тврди Обвинителството

Редакција