еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарското МНР загрижено за ставови на македонски политичари кои се „спротивни на позитивната клима“

Бугарското Министерство за надворешни работи изразува загриженост за последните случувања во Република Северна Македонија, поврзани со постапки на функционери кои изнесуваат негативни ставови во јавноста и кои се во спротивност со позитивната клима создадена од активните напори на владите на Бугарија и Северна Македонија.

Ова се наведува во соопштението на бугарското МНР, објавено на неговата веб-страница.

– Неколку дена по успешната заедничка средба на владите на двете земји, повторно сме сведоци на зголемување на тензиите во јавноста предизвикани од конкретни постапки на претседателот на Северна Македонија, кој се обидува да ги обнови темите кои се во спротивност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.

Ваквите дејствија не придонесуваат за изнаоѓање решенија за политички прашања во насока на забрзување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија и на меѓусебна доверба, се вели во соопштението.

Фото: МНР на Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде минимално, вели директорот на ЕСМ, Ковачевски

Редакција

Објавената фотографија од Јанева во домашен притвор е нарушување на приватноста

Редакција

Денеска нема полициски час

Редакција