еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Carrefour се враќа во Македонија?

Грчката компанија Retail & More AE, дел од AVE групата планира експанзија и аквизиции (преземања) на Балканот објави српскиот портал retailserbia.com.

Компанијата неодамна склучила договор со Carrefour групата и ја добила франшизата за Србија, Македонија, Албанија и Косово.

Лани Retail & More AE ја добила и франшизата за Бугарија, во која неодамна го отворила и првиот супермаркет.

Според порталот, неофицијално, грчката компанија планира преземања на мали и средни маркети на Балканот, а планира и да ја зајакне својата позиција и во Грција.

Во 2016 година во скопскиот трговски центар Сити Мол беше затворен единствениот маркет на Carrefour во Македонија. Носител на франшизата беше ЦМБ Балканс Скопје ДООЕЛ, а сопственик грчката компанија Маринопулос, која ги купи Carrefour маркетите во Грција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катица Јанева го тужи Боки 13 за неовластено фотографирање, рочиштето одложено

Редакција

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп со намалена добивка во првите девет месеци

Редакција

На мета на тимот од САД кој дојде во Македонија и актуелен пратеник од власта, објави КОД

Редакција