еМагазин
Image default
Македонија

Целосно изгаснат пожарот над село Галичник

Целосно е изгаснат пожарот што избувна вчера над село Галичник. Екипа на полицијата денеска врши увид и ги утврдува причините, информираше в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов при денешната посета на местото на пожарот со претставникот на месната заедница Галичник, Александар Костиќ.

-Рано утрово два армиски хеликоптера го надлетаа местото на пожарот за доколку има потреба да интервенираат, но бидејќи пожарот е изгаснат тие се вратија во нивната база, но се на готовност доколку дојде до реактивирање на пожарот брзо да дојдат и да го изгаснат, изјави Ангелов.

Тој се заблагодари до сите кои помогнаа во гаснењето, од системот за управување со кризи, противпожарните единици и до граѓаните.

Со пожарот беше зафатена борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставуваше потенцијална опасност за селото Галичник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Шумски пожар беснее над Галичник, Армијата ќе дејствува со хеликотер за заштита на селото

МИА/Фото: МЗ Галичник

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 474 болни од Ковид-19

Редакција

Јанакиески во Обвинителство си е како дома: На распит за „27 април“

Редакција

Левица го објави прашањето за референдумот

Редакција