еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Цементарница Усје: Емисиите постојано се под граничните вредности определени со закон

Емисиите од работата на Цементарница Усје постојано се под граничните вредности определени со закон. Од 2007 година, емисиите на Цементарница Усје се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите, соопштија од Цементарница Усје.

Додаваат дека производството запира доколку филтрите не работат и оти технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.

– Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на ПM10 честички во воздухот
Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (ПM10 честички) во кругот на Цементарница Усје не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.

Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина, наведуваат од Усје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Цементарница Усје ги отфрлаат „неоснованите ставови“ на градоначалничката Арсовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се чека одлука на Влада: Комисијата за заразни болести препорача затворање на школите, градинките и универзитетите

Редакција

Денеска треба да биде објавена новата пресуда за Мијалков и Тачи за „Титаник 2“

Редакција

МВР без оглас склучи договор за набавка на екстра лесно гориво со „Лукоил“

Редакција