еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Цените на угостителски услуги зголемени за 9,9% во однос на лани

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2022 година во однос на истиот период лани е зголемен за 9,9 отсто, додека во однос на декември 2021 година за 8,2 процента.

Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во август 2022 година во споредба со јули 2022 година е зголемен за 0,7 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 1 процент, Алкохолни пијалаци за 0,4 и Безалкохолни пијалаци за 0,3 проценти.

Индексот на цените на угостителските услуги во август 2022 година во однос на истиот месец од претходната година е зголемен за 16,7 отсто.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џамија во Арачиново доби подарок комбе од Агенцијата за управување со одземен имот

Редакција

Преброени над 80 проценти од гласовите: Пендаровски 42,59 отсто, Силјановска 41,60 и Река 11,57

Редакција

(Фото) Запознајте ги спортистите кои ќе ја преставуваат Македонија на Летните олимписки игри во Париз

Редакција