еМагазин
Image default
Локално

Центарот за странски јазици – Скопје, единствен овластен испитен центар за испитите ИЕЛТС, Аптис и АЦЦА на Британскиот совет

Центарот за странски јазици, кој по затворањето на канцеларијата на Британскиот совет во земјава беше избран како единствен овластен испитен центар за испитите ИЕЛТС, Аптис и АЦЦА, коишто се прифатени за вработувања во јавниот сектор, како и за студии и работа во странство, од декември почна со спроведување на испитите.

„Затворањето на канцеларијата на Британскиот совет во Македонија наложи избор на овластен испитен центар, односно институција која веќе докажано работи според светски стандарди, високи критериуми и строги протоколи за спроведување испити.

Квалитетот во работата, посветеноста, стручноста и подготвеноста со кои се одликува Центарот за странски јазици, заслужено го вброија меѓу испитните центри на Британскиот совет на светско ниво,“ соопштуваат од Центарот за странски јазици.

Од таму посочуваат дека при својата последна посета, директорот на Британскиот совет за Западен Балкан, Питер Браун, информираше дека испитите за јазична компетенција ќе продолжат да се изведуваат во партнерство со Центарот за странски јазици – Скопје.

Договорот беше потпишан на 20 септември од страна на Фанија Смичковска, директор на Центарот за странски јазици – Скопје и Кешав Средхаран, регионален директор за испити при Британскиот совет.

На средбата по повод потпишувањето на договорот присуствуваа и Асли Јенисехирли, регионален менаџер за комерцијален развој, Елеонора Запрова, директор на Британскиот совет во Македонија и Весна Петровска, директор за настава во Центарот.

-Центарот за странски јазици – Скопје во соработка со Британскиот совет веќе го основа испитниот центарот во своите простории и на кандидатите им овозможува професионални услови и пријатна атмосфера при полагањето испити.

Првата испитна сесија за ИЕЛТС се одржа на први декември, 2022 година, а редовно се одржуваат и испитните сесии за Аптис и АЦЦА. Испитите се изведуваат неколку пати во месецот според однапред објавен распоред кој за јавноста е достапен на moj.csj.edu.mk.

Пријавувањето за испитите се врши на апликацијата moj.csj.edu.mk во делот Меѓународни испити.

Повеќе информации за испитите, датумите и начинот на пријавување на [email protected] или на 075 282 604 секој работен ден од 10:00 до 14:00.

Центарот за странски јазици е основан во 1954 година и како училиште со најдолга традиција во организирање курсеви за странски јазици, продолжува да ја оправдува довербата на јавноста како институција која работи според светски стандаради, што несомнено се потврди и со изборот на единствен овластен испитен центар од страна на Британскиот совет, стои во соопштението.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Свекрва физички нападнала снаа, а сопругот и се заканувал по живот

Редакција

Приведен Бразилец кој со багаж полн со прашкаста материја долетал во Скопје

Редакција

44-годишен радовишанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш

Редакција