еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Видео) Чептер 4 – 13 години експерт за успешни комуникации

Да ја одржите магијата во комуникацијата свежа и успешна 13 години, бара посветеност која во Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4 ја крунисавме со уште една роденденска прослава, информираат од таму.

-Растеме, се менуваме и прилагодуваме на еволуцијата која последниве години силно ги менува основите во комуникациите со јавноста, но за нас остава простор за трансформации кон новите трендови и случувања, посочуваат од таму.

-Навлегуваме во 13 година од постоење на домашниот пазар, како успешно работиме како дел од мрежата на групацијата за комуникациски услуги Chapter 4 со седиште во Виена. Присутни сме на пазарите во Централна и Југоисточна Европа, а дополнителна вредност на мрежата дава ексклузивниот партнер и светски комуникациски гигант BCW Global.

Оваа вмреженост овозможува додадена „one-stop“ вредност за нашите клиенти и дополнителна димензија на конкурентност во нашето опкружување, вели Тодор Стојчевски, партнер и извршен директор на Чептер 4 Македонија.

-Водилка во нашето работење, секогаш, беше да се освои довербата на клиентот, одговорност која како комуникациски експерти ја прифаќаме со голема посветеност.

-Затоа и 13-та година Чептер 4 продолжува да се развива, да расте на четирите стожери кои се дел од нашиот идентитет: креирање содржина, градење доверливи односи со медиумите, организација на настани кои ги следат трендовите и промените во општеството и последниот стожер да понудиме уште многу повеќе услуги на нашите клиенти – лобирање, маркетинг, социјални и дигитални медиуми,советувања, обуки…

За нас, во суштината на бројот 13 е среќата, затоа што нумерологијата претставува фокус, независност, креативност и сигурна база, налик на нас – фокусирани, независни, креативни и во основа, на клиентот секогаш да понудиме персонализиран пристап и решение за неговите очекувања во сферата на комуникациите, посочуваат од таму.

-Стратешките комуникации секогаш во основата го имаат она што претстои. Дури и кога нераскинливо се поврзани со она што било, идејата водилка е за она што клиентот сака да биде. Да се одговори на нечии очекувања бара интеграција на повеќе алатки за комуникација со јавност, а за нас тоа ја зајакнува позицијата на Агенцијата и нејзиниот професионален однос кон клиентите, вели Тања Јовановска, менаџер за односи со јавност.

Професионалната почит и меѓусебната доверба со клиентите овозможи Чептер 4 храбро да чекори во реализација на својата мисија – да се постигнат комуникациските цели на клиентот. Базирани врз добра комуникација, искрен однос и почит, како и стратешки обмислени чекори за реализација на однапред утврдени цели, Чептер 4 –веќе 13-та година креира влијание, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Нова Година топло време, температура до 16 степени

Редакција

ОН: Над 338.000 Палестинци принудени да ги напуштат домовите во Газа

Редакција

„Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман

Редакција