еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

Четири филмови за „Скопје Синема Сити Загревање 2020“

На 5 и 6 февруари со почеток од 7 часот во киното на Кинотека на Македонија ќе се организира зимското издание на фестивалот „Скопје Синема Сити“ односно „Загревање“. За време на овој дводневен филмски настан ќе бидат прикажани четири филмови почнувајќи со филмот за реномираниот филмски композитор Филип Глас, „Гледајќи го Глас“.

Во декември 2019 година, фестивалот му ја врачи наградата за животно дело на Глас за достигнувања во музиката и филмот и по тој повод настанот ќе го прикаже овој филм за Глас во режија на Ерик Дармон. На 31 јануари 2020 тој ќе наполни 83 години и е се уште активен и како композитор и како изведувач. Тој е еден од четирите основоположници на „минимализмот“ правец во класичната музика кој во ‘60-те и ‘70-те направил револуција во класичната музика. Зад него е огромен опус кој се состои од голем број  симфониски дела, филмска музика, опери, музика за театар, дела за соло инструменти, хорска музика, итн.

Истата вечер ќе биде прикажан филмот на Фолкер Шанер за даб реге легендата Ли Скреч Пери: „Визијата за рајот на Ли Скреч Пери.“ „Визијата на рајот“ е уникатен проект на повеќе начини. Тој ја прикажува животната приказна на легендарниот музичар Ли Пери, но тоа не е биографски филм, туку е документарен филм за една бајка. Режисерот го следел Ли Пери цели 13 години и открил една неверојатна приказна, откровение, раскажана од еден од главните протагонисти на современата музика. Тој ја открива онаа страна од приказната која никогаш не била раскажана. Филмот може да се гледа и како водич за тоа како да се промени светот со музика, со позитивен став, со размислување или  – како што вели самиот Ли Пери – со вибрација.

На 6 февруари ќе бидат прикажани филмовите „Queen:  Приказната зад Боемската рапсодија“ и „Постигни или умри: Приказната за пијанистот Ланг Ланг“.

„Боемската рапсодија“ е еден од најголемите хитови на групата Queen. Таа отскокнува од сè што било објавено во тоа време, а со својата должина и оперска секција мала била веројатноста дека таа ќе биде хит. Но сепак, синглот ќе се искачи на топ листите во Британија цели 9 недели и ќе го трасира патот за богатата кариера на овој бенд. Во филмот, членовите на бендот раскажуваат за снимањето на оваа песна, за околностите за снимањето на видео спотот, а професори од Оксфорд ги анализираат стиховите на песната и повторниот успех на песната во САД со филмот „Светот на Вејн”.

Од друга страна, Ланг Ланг е еден најдобрите пијанисти на сите времиња и филмот ја следи неговата животна приказна од дете гениј до глобален феномен. Неговите настапи се секогаш распродадени и тој допира до публика која е далеку од традиционално класичната. Неговата популарност и способноста да се поврзе со помладите генерации одиграле значајна улога во инспирирањето на повеќе од 40 милиони деца од Кина да почнат да учат да свират на пијано. Во филмот се прикажува приказната зад феноменот Ланг Ланг.

Настанот „Скопје Синема Сити 2020 Загревање“ е помогнат од Гете Институт – Скопје и Кинотека на Македонија.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Едукација за Другаризација – во недела, 16.12.2018, совети за тоа како да се намали врсничкото насилство

Редакција

Почна новата наградна игра „Со ВЕРНА купувај и награди добивај“ за 2022 година

Редакција

Создадена база на податоци за состојбата на 707 цркви и манастири во Македонија

Редакција