еМагазин
Image default
Свет

Четири месеци затвор за момчето што му удри шлаканица на Макрон

Суд во Франција го осуди 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон, на четири месеци затвор, јави телевизијата БФМ.

Тарел претходно призна дека го удрил Макрон, но им рече на истражителите дека не го сторил тоа со предумисла.

Обвинителството побара Тарел да биде осуден на 18 месеци, а судиите одлучија да го осудат на четири месеци затвор и 14 месеци условна казна.

За време на посетата на регионот Тан Лермитаж пред неколку дена, Макрон се приближи до група граѓани за да ги поздрави, а Тарел го фати претседателот за рака и му удри шлаканица, повторувајќи ја фразата „Долу Макронија” и претставувајќи се како анархист, по што интервенираше обезбедувањето на претседателот.

Полицијата по инцидентот го уапси Тарел, за кого истражувачите велат дека не и бил познат на полицијата пред инцидентот, а приведен е и неговиот пријател, кој го снимил инцидентот.

Обвинението за напад на јавен службеник во Франција предвидува максимална затворска казна од три години и парична казна од 45.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Францускиот претседател Макрон доби шлаканица

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британци на Кипар го донеле новиот вид на Ковид-19

Редакција

Шведска ќе ги ограничи социјалните бенефиции за имигрантите кои не се од Европа

Редакција

Украина ги отфрлила преговорите, Путин дал наредба армијата да продолжи со нападите и да напредува по копнен пат

Редакција