еМагазин
Image default
Бизнис

Чифлиганец преку Адора инженеринг ја зацврстува довербата во Комерцијална банка

Адора инженеринг деновиве ја зголеми сопственичката структура во една од најреномираните банки во земјава- Комерцијална банка АД Скопје.

Правното лице Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје, сега поседува 291.380 обични акции со право на глас во најголемата и најсигурната банка во земјава, или 12,78 % од основната главнина во банката.

Компанијата оваа инвестиција ја реализира најтранспарентно на Македонската берза за хартии од вредност, купувајќи минатата недела 13.600 обични акции по цена од 7.900 денари по акција, а деновиве купи 10.872 акции по пазарна цена од 6.761 денар за акција.

Ова покажува дека компанијата Адора инженеринг верува во сигурноста и стабилноста на Комерцијална банка-Скопје.

Берзанските аналитичари велат дека станува збор за позитивен потег, дури и во време кога поради корона вирусот паѓаат и домашната, а особено е остар падот на светските берзи. Тоа покажува дека вербата во Комерцијална банка е голема, бидејќи таа е столбот на македонската економија.

Според нив позитивно е тоа што Адора купува акции по пазарни цени на Македонската берза за хартии  од вредност, нема договорени блок трансакции по однапред утврдени цени, како што се случувало обично на берзата кога станува збор за купување на поголем број акции во некоја од македонските компании, банки. Адора покажа сериозен пристап и континуитет во купувањето на акции во Комерцијална банка.

Што значи довербата во една од најголемите и најсигурните банки- Комерцијална банка Скопје станува уште поголема со тоа што проф. д-р Ванчо Чифлиганец преку Адора инженеринг го зацврстува своето учество во банката, станувајќи квалификуван акционер, односно најголем поединечен акционер, поседувајќи 12,78 % од основната главнина на банката и е член на Надзорниот одбор во Комерцијална банка.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец не сакаше многу да образложува, само кусо изјави дека верува во вложените финансиски средства, бидејќи од година во година Комерцијална банка се профилира во најголемата и најсигурната банка за депонентите, клиентите, а на крајот и за акционерите.

Се работи за банка со над 95 % учество на македонски капитал во сопственичката структура.

„Верувам во мојата земја и во македонската економија. Верувам дека инвестираните средства ќе вродат со плод. Секогаш сум имал знаење, храброст и сум сметал дека со посветеност и со пот, успехот секогаш доаѓа“, вели генералниот директор на Адора Инженеринг, проф.д-р Ванчо Чифлиганец.

Адора инженеринг веќе 18 години е лидер во градежништвото –високоградба, клучен сектор кој ја раздвижуваше економијата, но во изминатите две години застана работата во овој сектор, мораториумите си го направија своето, се стесни просторот за инвестирање во овој сектор.

Бројот на вработени во Адора од 500 лица, до пред неколку години, кои работеа на повеќе објекти во Скопје се сведе на 50-тина. Ова се причините поради кои градежниот бренд инвестициите ги насочи во финансискиот сектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Адора Инженеринг“ купи 13.901 акции од „Комерцијална банка“

Кој е Ванчо Чифлиганец: Од професор до еден од најголемите акционери во Комерцијална банка

(Фото) Награда „Дама на годината“ за иновативност во домувањето и за филантропија за Драгана Чифлиганец во Белград

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Грин Машинс“ од Велес годинава ја стартува со испорака на возила во Франција

Редакција

За менаџментот на Витаминка лани 41,1 милиони денари

Редакција

Дизелот поевтинува за половина, а бензините поскапуваат за еден денар

Редакција