еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Comodita Home донираше душеци за ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“

По првичната донација на душеци за најранливата категорија во општеството, дечињата во Детска клиника Козле, акцијата на Comodita Home продолжува во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје.

Денешниов ден, 8 октомври е Светскиот ден на хоспис и палијативна нега и грижа на стари лица. Тимот на Comodita Home, предводен од Харитон Гаџоски симболично беше дел од денешниов настан и во рамки на одбележувањето на денот, донираше душеци и за оваа установа.

„Негата за стари лица е многу важен сегмент за општеството поврзана со потребите, квалитетот на живот но и достоинството на секој човек. Секој од нас заслужува убави денови во т.н златна доба на животот каде освен поддршката и грижата од семејството, ќе ги добива и сите неопходности во областа на палијативната грижа и нега од страна на професионални лица.

Чувањето на здравјето и достоинствено поминување на тие денови, многу често како предуслов ја има и свеста кај сите нас, дека сме им потребни на повозрасните.

Водени од ова, тимот на Comodita Home се одлучи втората донација од сите предвидени да биде токму кај оние кои не растеле, чувале и ни помогнале да бидеме она што сме денес. Сите ние сме нечии деца и внуци, а љубовта најдобро се покажува токму преку посветеноста и грижата за саканите.

Наша посебна гордост на брендот Comodita Home се токму душеците кои се сопствено производство.

Фабриката за производство на душеци на Comodita Home е фабрика со еден од најголемите капацитети за производство во светот. Со оглед на тоа дека располагаме со душеци, тестирани и сертифицирани од виско-стручни лабаратории знаеме колку е важен добриот сон и дека тоа го заслужува секој од нас.

Нашите душеци ќе им бидат од голема помош на возрасните лица во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје. Нашата стратегија за помош на здравствените институции, загрозените семејства и секаде каде што сме потребни, со ова продолжува и понатаму,“, вели Гаџоски.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнува пријавувањето за Skopje Run 10K – Одберете го својот омилен стартен број

Редакција

Истражувачки новинари ќе патуваат низ Македонија за да се борат со корупцијата

Редакција

Започнува ВАДА, првата академија за улични танци која ќе донесе светски предавачи од САД во нашата земја

Редакција