еМагазин
Image default
Балкан

Црна Гора подготвена да прими бегалци во знак на солидарност со ЕУ

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во Европскиот парламент во Стразбур денеска најави дека неговата земја е подготвена да прими бегалци доколку тоа е потребно во знак на солидарност со ЕУ.

-Без разлика на тоа што Црна Гора не е на рутата на бегалците сакам да информирам дека сме подготвени за тоа, со потполна спремност на инфраструктурите, доколку миграцискиот процес продолжи и дојде до промена на рутата, рече Ѓукановиќ.

Црногорскиот претседател не рече која е точната бројка на бегалци која Подогорица е подготвена да ја прими но изјави дека е во контакт со италијанските власти на таа тема.

-Последниот проблем во Италија покажа дека ни е потребно повеќе солидарност за овој проблем во Европа туку и солидарност со нашиот сосед, Италија, рече претседателот на Црна Гора.

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, му се заблагодари на Ѓукановиќ.

-Ова е многу важна порака на Црна Гора до Европа и јужна Европа, ни треба повеќе солидарност во Европа и грешка да се остави проблемот само на италијанска или грчка маса, рече Тајани.

МИА/Фото: УНХЦР/Roger Arnold

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија утре избори за Национални совети на националните малцинства, меѓу кои и на македонското

Редакција

Македонско сценарио ја тресе Албанија: Објавени прислушувани разговори меѓу Еди Рама и мафијата

Редакција

На кои места во Грција строго ќе биде забрането пушењето

Редакција