еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Се зголемува ризикот од сиромаштија на Западен Балкан

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС), Мајлинда Брегу изјави дека претстојниот самит на Берлинскиот процес, доколку политичарите се согласат, може да донесе значителни промени за просечните граѓани на Западен Балкан.

Во интервју за агенцијата Бета, Брегу посочи дека ризикот од сиромаштија во регионот расте и дека ниту една од шесте економии на Западен Балкан, според проекциите на ММФ, нема да ја достигне стапката на раст од 2021 година, нагласувајќи дека токму во време на криза доаѓа до израз регионалната соработка.

Брегу изјави дека според ММФ, прогнозите за стапката на инфлација за регионот се до 27,8 отсто со раст на потрошувачките цени до 12,8 отсто во 2022 година.

Таа додаде дека пондерираниот просечен раст на БДП на шесте економии од Западен Балкан во 2021 година бил 7,6 отсто, но дека таквата висока стапка на раст на БДП се должи на намалувањето на растот од 3,1 отсто од 2020 година, што е репер

– Овогодинешната стапка на раст на БДП се предвидува да биде на многу пониско ниво имајќи предвид дека регионот е во голема мера поврзан со еврозоната, рече Брегу.

Посочувајќи дека порастот на инфлацијата несразмерно ги погодува сиромашните, Брегу го изрази својот страв дека „со оглед на тоа што населението во регионот на Западен Балкан троши повеќе од 50 отсто од буџетот на храна, пијалоци, струја, гас и други горива, повеќе домаќинства би можеле да се втурнат во сиромаштија, а особено имајќи предвид дека стапките на ризик од сиромаштија во регионот се веќе високи и повисоки од просекот на ЕУ од 21,9 отсто од населението”.

Таа потсети дека првпат по осум години истражувањето на Балканскиот барометар забележа негативен тренд и пад на поддршката за европската интеграција, при што 60 отсто од граѓаните на Западен Балкан го сметаат членството во ЕУ за добра работа.

– Зголемувањето на песимизмот кај граѓаните во однос на фактот дека нивната економија никогаш нема да влезе во ЕУ многу нè погоди. Минатата година беше 22 проценти, а оваа година беше 28 проценти, изјави Брегу во интервјуто за Бета.

Таа посочи и дека само во 2018 година регионот на Западен Балкан изгубил 1,3 отсто од вкупното население, додека тоа се однесува само на оние кои легално мигрирале во ЕУ.

– Генерално кажано, заканата од депопулација се наѕира над цела Југоисточна Европа, која може да изгуби речиси 30 милиони луѓе во овој век, а тоа не се ни песимистички предвидувања, посочи таа.

– Регионот веќе забележа помал пад на приливот на дознаки, додека просечниот нето прилив на дознаки, како процент од БДП, падна од 7,1 отсто во 2021 година на 6,6 отсто во 2022 година, вели поранешната пратеничка во албанскиот Парламент.

Брегу рече и дека според прогнозите на Светска банка, просечната вредност на јавниот долг ќе се зголеми од 39,6 на 46,4 отсто од БДП во 2022 година.

Таа смета дека Западен Балкан треба да бара одржлив систем за снабдување со енергија и дека „единствениот правилен пат вклучува добра перспектива на зелен раст и побрза транзиција кон чиста енергија, што би довело до позелени и понезависни енергетски системи”.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стигнаа 10.530 вакцини на „Фајзер“, купени со директни преговори со производителот

Редакција

Победниците на Евровизија го продадоа евровизискиот трофеј за да соберат пари за украинската армија

Редакција

Притвор за наставникот од Чегране кој допирал и бакнувал ученичка на деветгодишна возраст

Редакција