еМагазин
Image default
Македонија

Д-р Милена Стевановиќ: Не очекувам нов бран на Ковид-19 по празниците, но круцијално е да се почитуваат мерките за заштита

Она што како лекција мора да го научиме е дека заедно со процесот за вакцинација, примената на толку едноставните мерки за заштита од Ковид-19 е од круцијално значење за спречување на пандемијата, вели директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.

Таа во гостување во вестите на телевизија Сител изјави дека не очекува олеснувањето на мерките за време на велигденските и првомајските празници да резултира со зголемување на бројот на новозаболени од Ковид-19, бидејќи, како што нагласи, станува збор за многу кус период.

„И покрај олеснувањето на мерките, тоа не значи дека не треба да се почитуваат заштитните мерки. Маската и дистанцата се минумум мерки што секој еден поединец треба да ги применува, за своето, но и за општото добро“, потенцира Стевановиќ.

Таа апелираше до граѓаните да не се собираат во поголеми групи во своите домови за време на Велигден и дека ако веќе сакаат да го чествуваат празникот со членовите на своите пошироки семјества тоа да го направат на отворен простор.

„Можеме да направиме еден поинаков Велиден со кршење и размена на јајца во природа, за што ќе бидат наклонети и временските услови. Мерките се многу едностави и се применливи, само треба да се сака да се применуваат“, додаде Стевановиќ.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За референдумот за името право на глас имаат 1.806.336 гласачи

Редакција

(Видео+Фото) Пожар во зградата на Секретаријатот за европски прашања и МИА

Редакција

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одложено дејство на уставните измени е нереално, вели Пендаровски

Редакција