Младата кумановка Моника Бојковиќ заминува на операција на тумор на ’рбетен мозок во Германија, сега се потребни средства за нејзиниот родител да биде со своето чедо поради нејзиното отежнато движење, пишува radiobum.com.mk.
Бојковиќ, на која и е дијагностициран тумор на ’рбетен мозок на 28 јуни заминува на уште една операција во Германија.
Моника Бојковиќ е родена на 25 јули 1996 година, дипломираше на факултетот за дизајн на мебел и ентериер, а за време на студиите и се јавиле и првите симптоми на тешката болест.
Една интервенција и беше направена во Турција, а поради лошата здравствена состојба и отежнато движење сега мора да оди на уште една операција во Германија. Од Фонд за здравство комплетно ќе бидат покриени трошоците за операција, но со Моника поради нејзиното тешко движење мора да замине и нејзиниот татко, но средства за сместување и престој во Германија немаат.
Родителите на девојчето се во тешка финансиска состојба и ги замолуваат сите хумани луѓе и стопански субјекти кои сакаат и можат да донираат средства за да може да бидат со Моника на која и е потребен придружник.
Сите граѓани кои сакаат да донираат можат да уплатат средства на жиро-сметка 200003713266013, Стопанска банка на име Моника Бојковиќ, а може да донираат и лично, број за контакт 078 710 028.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ