еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Данците повторно први во светот, за спас на планетата – складираат јаглерод диоксид под морето

Данска планира да складира големи количини на јаглерод диоксид (CO2), кој ја загрева климата на Земјата, под морето.

Принцот Фредерик од Данска даде симболична наредба да почне да се пумпа јаглерод во исцрпеното нафтено поле Нини Вест во Северното Море.

Меѓународниот конзорциум, во кој се вклучени хемискиот гигант INEOS и производителот на гас и нафта Винтершал деа, објави дека проектот „Гринсенд“ во данскиот дел на Северното Море ќе биде првиот проект за прекугранично складирање на јаглерод во светот.

Првично, гасот во течна форма ќе пристигнува од фабриката на INEOS во Белгија, а подоцна ќе се складира и јаглерод диоксид од Данска и други европски земји, пренесува Бета.

По пробната фаза, 1,5 милиони метрички тони гас ќе се впумпуваат во шуплината 1,8 километри под морското дно секоја година, а планот е таа количина да се зголеми на осум милиони тони годишно до 2030 година.

Во неодамнешниот извештај на Обединетите нации се наведува дека складирањето на јаглеродот, еден од загадувачките „стакленички гасови“, мора да биде дел од низа решенија за намалување на загадувањето и ограничување на глобалното затоплување.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цела листа: Што се му се одзема на Сашо Мијалков

Редакција

„Електроизградба“ го доби тендерот на Град Скопје за одржување на јавното осветлување и градските часовници вреден 524.000 евра

Редакција

Врховен го прифати барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“

Редакција