еМагазин
Image default
Македонија

Даниела Николова е новата пратеничка од СДСМ

Собранието попладнево го верификува мандатот на новата пратеничка Даниела Николова од Коалицијата „Можеме“, која во законодавниот дом доаѓа на местото на Мирослав Богдановски.

Претходно, Собранието ја констатира оставката на Богдановски, која тој не ја образложи на седница.

Пратеникот Панчо Минов како претставник на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања информира дека го усвоиле Извештајот на Државната изборна комисија за во ИЕ 1, по поднесената оставка на пратеникот Мирослав Богдановски, согласно законската процедура, редоследно се предлага Даниела Николова за преостанатиот дел од мандатот.

Тој рече дека се спроведени сите законски обврски и процедури и предложи Собранието да го усвои Извештајот на Државната изборна комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

За предлогот гласаа вкупно 78 пратеници, а немаше против и воздржани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Богдановски од ДОМ поднесе оставка, СДСМ со пратеник плус во Собранието

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отстранување на границите на Балканот само со членство во ЕУ и влез во Шенген механизмот, вели Заев

Редакција

Имаме информации дека луѓе од МПЦ, бизнис заедницата и партиите соработуваат со руски служби, вели Пендаровски

Редакција

Наставата од 1 февруари ќе продолжи со физичко присуство

Редакција