еМагазин
Image default
Македонија

Започна вакцинацијата со кинеската вакцина „Синовак“

Во вакциналните пунктови низ државата од денеска почна да се аплицира вакцината на кинескиот производител „Синовак“, откако ги помина сите потребни законски процедури.

Вакцинацијата со „Синовак“ се одвива скоро во цела држава, освен во Скопје и Битола, каде имунизацијата со оваа вакцина ќе започне од утре, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за кинеската вакцина „Синовак“

Доктор Солески за СП: Нуспојавите од вакцината „Синовак“ се многу минимални

– Станува збор за класична вакцина каде е инјектиран ослабен вирус односно технологија за добивање вакцини, која се користи децении и е многу позната, па оттука и разбирливо е што широката популација ја доживува како една од најбезбедните платформи за производство на вакцини.

Во однос на возраста на којашто се дава, вакцината „Синовак“ нема ограничување во Кина и се аплицира и кај деца над тригодишна возраст.

Оваа вакцина кај нас ќе се користи над 18 години и без ограничување на возраста кај возрасните лица. Вакцината „Синовак“ се препорачува и за доилки и трудници, информираат од МЗ.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Инфективна за корона вирус се тестира лице од Струмица, двајца Бугари во Битола во изолација

Редакција

Резултатите од пописот ќе бидат готови во март или почеток на април, догодина

Редакција

Состанокот на Комисијата за заразни болести презакажан за утре

Редакција