еМагазин
Image default
Македонија

Дебар достави барање за пулмолог и инфектолог

Општинскиот Оперативен штаб на Дебар, денеска достави барање до Главниот кризен штаб за справување со пандемијата од Ковид-19, во градот да се испратат еден пулмолог и еден инфектлог, потврди за МИА, градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи со Штабот.

Додава дека ваква одлука била донесена на седница на Штабот по анализата на актуелната состојба и се поголемиот број лица кои со симптоми на опасниот вирус се јавуваат во Општата болница.

Општата болница во Дебар располага со еден инфектолог, а во работната едница на Заводот за јавно здравје има само еден епидемиолог. Во времето кога Дебар беше прво жариште и беше под карантин во болницата престојуваа лекари специјалисти од ова област од здравствени установи од Скопје и други градови од земјава. На своите колеги од голема помош им беше и инфектолог – дебранец вработен во „Дебарски Бањи-Цапа“.

-Апелирам до граѓаните строго да ги почитуваат мерките, носење заштитна маска, одржување физика дистанца, одбегнување групирања. Да бидеме совесни, како што тоа бевме во првата фаза кога успешно ја пребродивме ситуацијата, апелира Дука.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пад: Регистрирани 88 нови случаи на заболени од корона вирусот од 973 тестирања

Убава вест: Поголема бројка на оздравени пациенти од заболени од корона вирусот

Починаа уште тројца од корона вирусот, меѓу кои и 42-годишен пациент

Во кои скопски општини има најмногу активни случаи на Ковид-19?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарскиот еснаф и бизнис-заедницата ќе соработуваат врз основа на Меморандумот кој го потпишаа ЗНМ, СЕММ и Стопанската комора

Редакција

Ученици од три основни училишта во скопски Карпош заради превенција од коронавирусот во самоизолација

Редакција

Од куќен притвор, Боки 13 спроведен во затворот во Идризово

Редакција