еМагазин
Image default
Македонија

Заев по појавувањето на Мијалков: Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто

Премиерот Зоран Заев преку својот Фејсбук-профил информира дека поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков се пријавил во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција оти обезбеден е неговиот домашен притвор.

„После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех: Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за гонење организиран криминал и коорупција и обезбеден е неговиот домашен притвор!

Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!“, напиша тој.

Заев посочува дека ќе следува и негова изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков се појави пред Обвинителството, тврди дека не избегал, туку бил во изолација

Хронологија на бегството: Мијалков последен пат виден како влегува во гаражите на „Мериот“ со една жена и тројца мажи

(ВО ЖИВО) Оливер Спасовски за бегството на Сашо Мијалков: Со оставки, без истрага ќе триумфираат криминалците

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од МВР велат дека блокирањето на автопати било спротивно на законот

Редакција

Вкупно 7.981: Од Ковид-19 починаа шест лица

Редакција

Почна Седницата на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева

Редакција