Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар во првото полугодие од 2023 година од пружените услуги за бањско лекување и рехабилитација како основна дејност, како и хотелиерство и угостителство и други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат од 2.676 милиони денари, додека во истиот период 2022 година е остварен позитивен финансиски резултат од 12,835 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Вкупните приходи од периодот 01.01.- 30.06.2022 година изнесуваат 63.022 милиони денари и се намалени за 6.7% во однос на истиот период од претходната 2022 година.
Вкупните трошоци од редовното работење до 30.06.2023 година изнесуваат 60,346 милион денари и се зголемени за 8.1% во однос на 30.06.2022 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дебарски бањи-Цапа со зголемена добивка во првите девет месеци
Колкави плати лани имал менаџментот на Дебарски бањи-Цапа