еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Дебитантот Александар Тодороски победник на Макфест

Александар Тодороски е победникот на 36. издание на Фестивалот на музика „Макфест 2021“.

„Под исто небо“ беше песната која освои најмногу гласови и од публиката и од стручното жиро.

Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Давор Јордановски. Тодороски во финалната вечер влезе по дебитантскиот настап на првата полуфинална вечер, кога освои најголем број на гласови од публиката.

„Не ми се верува. Им благодарам на сите, со огромна почит кон фестивалот. Соништата се остваруваат“, рече Тодороски на сцената по врачувањето на првата награда.

Второто место му припадна на Мартинијан Кириловски, а третата награда отиде кај младата штипјанка Марија Данева.

Фестивалот и годинава се одржа на отворено, поради здравствените протоколи во „АкваБела ресортот“ или за штипјани стариот Градски базен.

Водители на фестивалот беа Мирослав Кацаров и Ведрана Ѓорѓевиќ.

Макфест 2021 и годинава беше финансиски помогнат од Министерството за култура и Општина Штип, кој е и организатор на фестивалот.

МИА/Фото: Тодороски/Фејсбук/Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Точно е дека имаше кражби на лекови, вели поранешниот директор на Онкологија, Васев

Редакција

„Д-р Пановски“ го доби тендерот на Министерство за здравство за набавка на биолошка терапија вреден 13,3 милиони евра

Редакција

Едно лице загина во пожар во куќа во Струмица

Редакција